Emre Gürkan Abay
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
МОСКВА (АА) - Владата на Руската Федерација и официјално ја укина забраната за чартер летови меѓу Русија и Турција, која беше воведена по соборувањето на рускиот авион што во ноември минатата година го прекрши турскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на руската влада за односи со јавноста, изјави дека рускиот премиер Дмитриј Медведев потпишал декрет со којшто се одобруваат летовите меѓу Русија и Турција.
Во уредбата на руската влада на заинтересираните авиокомпании им се препорачува да преземат дополнителни мерки за безбедност на идните летовите кон Турција.
Укинувањето на забраната за летови, во рамките на нормализација на руско-турските односи, беше една од темите на средбата меѓу турскиот и рускиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, која се одржа на 9 август во Санкт Петербург.