Ekip
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
СИЕТЛ (АА) - Четири лица се убиени за време на престрелката во еден трговски центар северно од Сиетл, соопштија официјални претставници на американската сојузна држава Вашингтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Вашингтон стејт патрол на Твитер профилот објави дека четири жени загинале во престрелката што се случи во петокот вечерта, во продавницата „Мејси“ во трговскиот центар Каскада, Берлингтон, кој се наоѓа 105 километри северно од Сиетл.
Полковникот Марк Френсис изјави дека безбедносните сили се во потрага по човекот во црно, кој бил вооружен со пушка.
Тој додаде дека трговскиот центар е евакуиран, а екипите на брза помош добиле дозвола да влезат и да им помогнат на евентуално повредените.
Стефани Бозе, асистентка на генералниот менаџер на италијанскиот ресторан „Џони Карино“, кој е во близина на продавницата „Мејси“, рече дека откако слушнала пукање, ја заклучила вратата на објектот.
„Каскада“ е трговски центар во Берлингтон, од затворен тип, кој беше отворен во 1990 година.