20 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
РИЈАД (AA) - Саудиска Арабија соопшти дека новинарот и колумнистот на „Вашингтон Пост" Џамал Кашоги починал по расправија во саудискиот конзулат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на саудиската државна телевизија, 18 државјани на Саудиска Арабија приведени се во врска со смртта на Кашоги во конзулатот на оваа држава во Истанбул.
Се наведува и дека саудиските власти соопштиле дека сите кои се вмешани во смртта на Кашоги ќе одговараат и ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Со Кралски декрет е отпуштен и заменикот на шефот на разузнавачката служба на Саудиска Арабија Ахмед Асири, а одлучено е да се воспостави министерски комитет за реструктуирање на разузнавашката служба во оваа земја.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон Пост" Џамал Кашоги исчезна на 2. октомври откако влегол во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Кашоги е познат како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот Ал Ватан, кој претставува главна платформа на саудиските реформисти.