Emre Gürkan Abay
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Министерството за надворешни работи на Русија вели дека официјални претставници на САД ја скршиле вратата од рускиот генерален конзулат во Сан Франциско и по влегувањето во зградата, извршиле претрес на објектот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објаснувањето што го даде руското министерство се тврди дека официјални претставници на САД ја скршиле вратата од рускиот генерален конзулат во Сан Франциско и влегле во него.

Руското министерство тврди дека официјални претставници на САД ја конфискувале зградата и во внатрешноста на објектот извршиле сеопфатен претрес и истакнува:
„И покрај сите наши предупредувања, официјалните претставници на САД не го послушаа гласот на логиката и не се откажаа од планираниот незаконски акт. Денеска е конфискувана целата зграда на рускиот генерален конзулат во Сан Франциско. Почнувајќи од декември минатата година, американската администрација присилно конфискуваше 5 дипломатски објекти на Русија во САД. Сега ја скршија вратата од нашата зграда и вршат целосно пребарување на објектот“.
Во изјавата се вели дека ставот на САД од руска страна се гледа како непријателски, и се истакнува дека Русија го задржува своето право на реваншизам.