Hakan Çopur
20 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Коментирајќи го случајот „Кашоги“ за новинарите, претседателот на САД, Доналд Трамп, во американската сојузна држава Аризона, за изјавата на Саудиска Арабија поврзана со смртта на Кашоги рече дека е „сигурна“, јавува Anadolu Agency (AA).
Нагласувајќи дека соопштението на администрацијата од Ријад претставува „прв голем чекор“, Трамп рече: „Сепак, нашата констатација сѐ уште не е завршена. Во моментов е рано (за да се донесе заклучок).“
Во врска со соопштението на Саудиска Арабија, Трамп изјави: „Ќе имаме неколку прашања за Саудијците. По ова прашање ќе работиме заедно со Конгресот“, додавајќи дека донесените одлуки ќе ги соопшти по средбата со престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мухамед бин Селман.
Покрај тоа, Трамп рече дека приведувањата што ги има извршено власта од Ријад во врска со убиството на Кашоги се „многу значајни“.
- Наместо договорот за оружје, „некој вид санкции“
На прашањето за судбината на Договорот за оружје меѓу САД и Саудиска Арабија во висина од 110 милијарди долари, Трамп истакна дека сака да го заштити конкретниот Договор. Тој рече дека наместо тоа, би сакал да спроведе „некој вид санкции“ кон Саудиска Арабија.
На прашањето дали се сигурни информациите од истрагата спроведена од страна на Саудиска Арабија, Трамп одговори: „Во тоа бевме вклучени и ние. Беше вклучена и Турција. Ова е страшен настан и тоа нема да биде настан кој ќе биде игнориран.“