Diyar Güldoğan
12 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - „Саудиската делегација пристигна во Анкара во врска со истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги“, велат турските официјални претставници денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Состанокот меѓу делегациите на двете земји се очекува да биде одржан овој викенд“, велат официјалните претставници, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Кашоги, исчезна на 2 октомври откако влезе во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Познат е како критичар на политиката што ја води актуелната власт на Саудиска Арабија.