İdris Okuducu
20 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Саудискиот новинар Џамал Кашоги наводно е „задавен" во саудискиот Конзулат во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворот од палатата на саудискиот крал за американскиот „Си-ен-ен“ (CNN) изјави дека Кашоги е убиен со давење. Сѐ уште не е доставен никаков доказ за причината за смртта.
Саудиска Арабија синоќа соопшти дека новинарот Кашоги починал по расправија во саудискиот Конзулат. Според наводите на саудиската државна телевизија, 18 државјани на Саудиска Арабија се приведени поради врска со смртта на Кашоги во Конзулатот на оваа држава во Истанбул.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, исчезна на 2 октомври, откако влегол во комплексот на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Кашоги е познат како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“ (Al Watan), кој претставува главна платформа на саудиските реформисти.