Cüneyt Karadağ
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Сојузната полиција на Германија презеде дејства во врска со тврдењата дека пребеганиот Адил Оксуз од ФЕТО е виден во таа земја, потврдија дипломатските извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Активностите во врска со проверка на тврдењата дека членот на терористичката организација ФЕТО, Адил Оксуз, престојува во Германија се започнати по дипломатската нота што официјална Анкара ја упати до Берлин, а поради проверка на тврдењата според кои споменатиот бегалец се крие на подрачјето на оваа европска земја.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија, Јоханес Димрот, во врска со истрага за наводниот престој на Оксуз во таа земја изјави дека за тоа прашање не е во можност јавно да зборува.
Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт изјави дека не му е познато дека во претходниот телефонски разговор канцеларката Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарале и за пребеганиот припадник на ФЕТО, Оксуз.
Адил Оксуз, во рамките на структурите на терористичката организација ФЕТО беше познат како „имам на воздушните сили“, а неодамна се појавија информации дека тој е виден во Германија.
По обидот за државен удар во Турција на 15 јули минатата година, Оксуз беше лишен од слобода недалеку од воздушната база во Анкара. Кратко по приведувањето, тој е пуштен на слобода, по што му се губи секаква трага. По него е распишана меѓународна потерница.