Emre Gürkan Abay
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Русија oд следната недела забранува американските медиуми да влезат во Думата, јавува Anadolu Agency (АА).
Олга Савастјанова, претседателката на Комисијата за прописи и контрола на Думата, за новинарите во Москва изјави дека одлуката да се забрани влез за американските медиуми во Думата ќе стапи на сила од наредната недела.
Според нејзините зборови, станува збор за одговор на одлуката на американскиот Конгрес за укинување на акредитацијата на каналот „Russia Today“ (Раша тудеј) (RT) во САД.
Савастјанова потсети дека официјален Вашингтон наредил претставништвото на „Russia Today“ во САД да се регистрира како „странски агент“ според законот воведен поради нацистичката пропаганда во 1938 година.