Kasım İleri
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Пентагон соопшти дека Северна Кореја испали нов балистички проектил, јавува Anadolu Agency (AA).
Роб Менинг, гласноговорник на Пентагон, за АА рече дека е утврдено дека Северна Кореја испали нов проектил.
„Моментално ја проценуваме ситуацијата. Подоцна ќе имаме повеќе детали за се", рече Менинг.
Од Пентагон рекоа дека испаленииот проектил не претставувал опасност за САД, нивните територии и сојузници.
Според првите проценки, Северна Кореја тестирала уште еден интерконтинентален балистички проектил кој летал околу 1.000 километри, пред да падне во Јапонско море.
Се очекува дека американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе им се обрати на новинарите по повод најновото тестирање на проектил од Северна Кореја.
Владата на Јапан проценува дека проектилот бил во воздух 50 минути пред да падне во нивната ексклузивна економска зона.