Soner Kılınç
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
АФРИН (AA) - СОНЕР КИЛИНЧ -
Во операцијата извршена во селото Масках во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, спасени се четворица селани кои беа заробени во депо, а околу нив биле поставени рачно изработен експлозив и гранати. Селаните зборуваа за Агенцијата Анадолија за прогонот што го вршеле терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ спроведена од страна на Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија, со цел неутрализирање на терористите на ЈПГ/ПКК во селото Масках во областа Раџу, северозападно од Африн, спасени се селаните Назли (75) и Шукру Осман (90), Хасан Муслим (65) и Хусејин Шех Бекир (64) пронајдени во едно депо на чија врата била поставена стапица од рачна гратата. Селаните во депото биле со врзани раце, а околу нив биле поставени мини и рачно изработени експлозивни направи.
По деактивацијата на експлозивните направи, четирите селани, под надзор на војската биле испратени во побезбедно село.
Шукру Осман, за дописникот на АА, истакна дека група терористи од ЈПГ/ПКК кои го окупирале селото пред пет години, избегале кога виделе дека пристигнуваат турските војници. Пред да избегат, терористите во депото ги заробиле него, неговата сопруга, братот на сопругата и неговиот пријателот. „Откако ни ги врзаа рацете, ставија експлозив околу нас. Потоа стигнаа турските војници и нѐ спасија. Ни дадоа храна и тука нѐ донесоа. Им се заблагодаруваме“, рече Осман.
- Го засакав турскиот војник како свој син
Сопругата на Шукри Осман, Назли Осман наведе дека имаат 4 деца, и од стравот од ЈПГ/ПКК се засолниле во Турција.
Назли Осман, укажувајќи дека терористите ги затвориле во депо кога дознале дека во селото пристигнуваат турските војници, го рече следното: „Сопругот е парализиран. Многу се исплашивме кога не заробија тука. Турските војници дојдоа и нè спасија. Потоа, еден од војниците ја стави главата на моите колена. Го засакав како свој син. Го погалив по косата. Господ нека ги благослови турските војници“.
- Бил прогонуван и од ЈПГ/ПКК и од Асад
Братот на Назли Осман, Хасан Муслим, исто така, избегал од прогонството на Башар Асад и се засолнил во селото на сестра му. Но и тука го мачеле терористите од ЈПГ/ПКК.
„ЈПГ вчера, кога турските војници почнаа да се приближуваат кн селото, нè затворија во депото заедно со експлозивот. Војниците нѐ спасија. Нѐ прегледаа и ни дадоа храна. Потоа нѐ донесоа во ова село. Тука сме безбедни. Ќе живееме колку што ни е векот. Господ нека ја благослови турската војска“ истакна Муслим.
Хусеин Шех Бекир кој има четири деца, рече дека откако ја загубил сопруга, неговите децата се засолниле во Турција.
Раскажувајќи дека терористите ги заклучиле во депото, поставувајќи стапица со експлозив, Бекир истакна дека биле спасени од турските војници кои дошле во селото.
„Терористичката организација ЈПГ/ПКК ни одзеде сѐ“ рече Бекир.
Селаните заробени во депото од страна на терористите зборуваа за АА
Во операцијата извршена во селото Масках во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, спасени се четворица селани кои беа заробени во депо, а околу нив бес поставени рачно изработен експлозив и гранати.
24.02.2018