свет

Силите на Асад извршија напад со хлорен гас во Источна Гута

Во нападите што режимските и Руските сили ги извршија во последните два дена, загинаа 25 цивили

Ekipa  | 19.03.2018 - Обновена : 20.03.2018
Силите на Асад извршија напад со хлорен гас во Источна Гута Ammar Sab/АА

Ankara

ИСТОЧНА ГУТА / АНКАРА (АА) - Силите на режиот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, синоќа изведоа напад со хлор врз Дума, град кој потпаѓа под Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименувани претставници на Цивилната заштита во Источна Гута, изјавија дека немало луѓе кои ги почувствувале последиците од нападот.

Од друга страна, во нападите што последните два дена ги изведоа припадниците на режимот и Руските сили, 13 цивили загинаа во Дума, 7 во Еим Тарма, 4 во Хареста, а еден цивил загина во Ирбин.

Во нападите е уништена и џамија, а интензивните напади ги оневозможуваат припадниците на цивилната заштита во својата работа во јужните подрачја на Источна Гута.

Силите лојални на режимот на претседателот Асад, во продолжението на копнените операции, започнати во почетокот на март, Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, на 12 март ја поделија на три дела.

Источна Гута е подрачје до градот Дамаск, која е под контрола на силите на сириската опозиција. Источна Гута е под целосна опсада од силите на режимот веќе неколку години. На ова подрачје околу 400.000 цивили водат борба за преживување.

Непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за воспоставување едномесечен хуманитарен прекин на огнот во Сирија, силите на режимот на Асад, со поддршка на Руските воздухопловни сили, во почетокот на март започнаа копнена операција, со цел, заземање на Источна Гута.

Сириската опозиција на 16 март, во подрачјето на Хумурије се судри со силите на режимот и воспостави контрола врз центарот на градот.

Истиот ден силите на режимот изведоа напад врз пазар во Кефр Батна. Во нападот животот го загубија 61 цивил.

Кризата во Источна Гута секојдневно се продлабочува, а илјадници болни цивили чекаат да бидат евакуирани. Поголемиот дел од болните се деца или лица кои имаат рак во напредна фаза. Голем број деца во Источна Гута починаа поради глад и недостаток на лекови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın