Melda Altakhan
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ШАНЛИУРФА / РАКА (АА) - Симнати се знамињата на САД од три позиции во подрачјето Мумбатих, близу градот Тел Абјад, кои ги контролира ПЈД, продолжеток на ПКК во Сирија, но сѐ уште стојат американските знамиња на царинската зграда, јавува Anadolu Agency (AA).
Знамето поставено на оваа зграда може да се забележи од градот Акчакале, кој се наоѓа во провинцијата Шанлиурфа.
Милитантите на терористичката организација ПЈД/ПКК на 2 септември поставија голем број американски знамиња околу селото Рафи, во подрачјео на градот Мунбич, на западниот брег од реката Еуфрат.
Сопред информациите добиени од локални извори, терористите знамињата на САД ги користат како „штит“.