Ali Murat Alhas
26 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
ИДЛИБ (АА) - Сириски уметник на графити во Сирија ги црта ѕидовите на зградите оштетени како последица од нападите, за да искаже солидарност со убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги и со другите новинари што ја споделуваат истата судбина со него, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на изминатите две години, уметникот на графити, Азиз Есмар, 35-годишен жител на подрачјето во Идлиб, Биниш, исто така црташе слики од долгогодишниот конфликт во Сирија, Палестина и за други теми од регионален и меѓународен интерес.
Последниот мурал на Есмар ја отсликува смртта на новинарот Кашоги, кој последен пат беше виден жив кога влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Есмар, исто така, има исцртано мурали кои ги прикажуваат американскиот претседател, Доналд Трамп, и лидерот на сирискиот режим, Башар ал Асад.
На еден од неговите цртежи укажува на саудискиот принц Мухамед бин Салман на кој пишува: „Еден мој добар студент“.
Eсмар за АА изјави дека цртежите претставувале негов начин на искажување на солидарност со Кашоги и со многу други новинари што биле убиени од страна на режимот на Асад.
„Не сакам да видам опозициските фигури или новинари да ја споделат истата судбина со Кашоги, нивната смрт да биде во рацете на тиранскиот режим“, изјави тој.
Уметникот ги повика таквите режими да се вклучат во дијалог, наместо да ги убиваат оние што имаат поразлични мислења од нив.