Admir Fazlagikj
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со 72 гласа "за" , девет воздржани и ниту еден против Собранието на Република Македонија, на вечерашната седница на која не присуствуваа пратениците од опозицијата, ја избра новата преодна влада на мандатарот Емил Димитриев, предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска попладне беше констатирана оставката на премиерот Никола Груевски, јавува Anadolu Agency (AA).
"Функцијата претседател на преодната влада ќе ја извршувам чесно и одговорно, а изборите ќе бидат фер и демократски" , рече во своето експозе новоименуваниот претседател на преодната влада Емил Димитриев.
"Наша задача е организирање на избори кои ќе бидат фер и демократски, слободни и ефикасни, а ние таа цел ќе ја организираме. Сите државни иснтитуции ќе дадат максимум поддршка на оваа основна цел сите институции ќе ја почитуваат дословно реализацијата на оваа цел, кадровски, структурно и на ниво на вредност од која нема отстапување" , потенцираше Димитриев.
Тој во својот говор и се обрати и на опозицијата која одлучи да не присустува на седницата, барајќи од неа да се однесува конструктивно, уверувајќи при тоа дека преодната влада ќе организира фер и демократски избори. Тој додаде дека Државната изборна комисија треба да биде движечка сила во изборниот процец, охрабрувајќи ја да ја врши својата функција која и е дадена според закон, а од политичките партии побара да и помогнат во извршувањето на работата.
Владата на Димитриев е во истиот состав. Нејасен е статусот за двајцата министри од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски, кои не дојдоа на изборот и не положија заклетва.
За министер за одбрана е предложен Зоран Јолевски, за министер за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Поповски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за министер за локална самоуправа Љирим Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, за транспорт и врски Владо Мисајловски и за животна средина Нурхан Изаири.
За министри без ресор се предложени Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф и Горан Мицковски.
Членовите на владата положија свечена заклетва.