Bekim Laci
05 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
СКОПЈЕ (AA) – Собранието на Република Македонија на денешната 100 седница ги изграза поединечно 12-те кандидати за министри и заменици министри предложени од страна на албанскиот коалционен партнер во Владата на Република Македонија, ДУИ, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Владата задолжен за спроведување на предвремените избори Емил Димитриев образложувајќи ги новите имиња во владиниот кабинет, рече дека истите доаѓаат како резултат на оставките на министрите на ДУИ и дека се работи за места кои треба да бидат пополнети.
"Имајќи предвид дека се работи за Влада за спроведување на изборите која е договорена меѓу политичките партии со Договорот јуни/јули во Скопје која има ограничен мандат и специфики и имајќи го предвид краткиот рок до распуштањето на Собранието заради одржување на изборите на 5 јуни, сметам дека е коректно и целисходно да се прифати Предлогот за избор на нови членови на Владата", рече Димитриев додавајќи дека очекува од новите министри и министри заменици дека ќе работат во согласност со Уставот на Република Македонија.
Претсдателството на ДУИ на 31 март, ја информираше јавноста дека ги повлекува сите нејзини членови од Владата на Република Македонија, информирајќи дека сите надлежности се префрлаат на претседателот Али Ахмети кој ќе одлучува на понатамошните чекори.
Ден потоа, ДУИ информираше дека министрите кои поднесоа оставки ќе бидат заменети со нови кадри кои Собранието ги изгласа денес. Од страна на претседателот на ДУИ Али Ахмети синоќа беа предложени нови кандидати за министри.
За заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања избран е Арбер Адеми, Фестим Халили е за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор. Валдет Џафери ќе раководи со министерството за правда, Пиштар Лутфиу е избран за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири е избран за министер без ресор задолжен за странски инвестиции, додека Беким Максути е избран за заменик министер за одбрана, Агим Нухиу за заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.