Sefa Mutlu
29 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во палатата Јилдиз во Истанбул ги прими претседателот на Србија, Александар Вучиќ и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, јавува Anadolu Agency (AA).

Средбата е затворена за медиумите.
Ердоган синоќа се состана со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, во пресрет на денешниот трилатерален состанок на Турција-БиХ-Србија на највисоко ниво.