Tayfun Salcı
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ЛОНДОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во текот на посетата на Лондон разговараше со својот британски колега Џереми Хант, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на Чаушоглу и Хант, одржана зад заторени врати, траеше околу еден час.
Според дипломатски извори, во текот на состанокот е разговарано за билатерални и регионални прашања, за случајот со саудискиот новинар Џамал Кашоги, борбата против тероризмот и за Брегзит.