Meryem Göktaş
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) денес усвои нов режим за санкционирање поединци и субјекти што придонесуваат кон развојот и употребата на хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот совет го усвои новиот систем на санкции против ширењето на хемиското оружје на заседавањето на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
„Рестриктивните мерки се однесуваат на лица и субјекти кои се директно одговорни за развојот и за употребата на хемиското оружје, како и на оние кои обезбедуваат финансиска, техничка или материјална поддршка, оние што им помагаат, ги охрабруваат или се поврзани со нив“, соопшти Европскиот совет.
Во соопштението се додава дека ЕУ ќе санкционира лица или субјекти без оглед на нивната националност и местото каде живеат.
Се додава дека санкциите се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имотот за лицата; замрзнување на имотот за субјектите. Покрај тоа, на лицата и субјектите од ЕУ им е забрането да ги ставаат за достапни средствата и фондовите за оние што се наоѓаат на листата (за санкции).