Ekipa
16 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ЈАНГОН (АА) - Најмалку три лица загинаа при пад на два воени авиони во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Двата авиони се срушија во местото Минбу, во регионот Магвеј. Првиот падна во помала река, а другиот на тлото во близина на населбата“, изјави локалниот официјален претставник Мјинт Зав.
Истиот извор јавува дека во несреќите загинале двајца пилоти и една студентка.
„Нејасно е како дошло до истовремен пад на двата борбени авиони. Се чини дека првиот паднал ударајќи или избегнувајќи да удри во релејот на мобилниот оператор“, изјави Мјинт.
Мјинт појасни дека телата на пилотите се пронајдени на местото на несреќата и дека загинала и студентка која се наоѓала во куќата врз која паднале остатоците на еден од авионите. Уште двајца студенти се повредени.
Истрагата за несреќите е во тек.