Emre Aytekin
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
Меѓу мигрантите што загинаа во терористичките напади изведени за време на петочната молитва во двете џамии во градот Крајстчрч имаше професори, инженери, ИТ-специјалисти, кои со надеж за градење подобра иднина дошле во оваа земја.
Според вестите објавени во локалните медиуми, меѓу жртвите во терористичките напади или оние за кои сè уште нема никакви информации, имало професори, инженери, ИТ-специјалисти, вработени лица, кои како имигранти пристигнале во земјата со надеж да изградат подобра иднина.
Некои од загинатите избегале од своите места каде што во тек се граѓански војни, додека други мигрирале во потрага по подобар живот.
Меѓу жртвите се луѓе кои во Нов Зеланд дојдоа од Палестина, Авганистан, Сирија, Сомалија, Египет...

Одговорните институции во Нов Зеланд започнаа истрага за неуспехот на разузнавачката служба да го спречи терористичкиот напад што се случи на 15 март, за време на петочната молитва во две џамии во Крајстчрч.
По терористичкиот напад, многу земји од светот испратија пораки на солидарност со жртвите на нападот.
На 15 март во градот Крајстчрч, на Јужниот Остров на Нов Зеланд, за време на петочната молитва, во интервал од 10 минути изведени се два терористички напади во џамиите „Ел Нур“ и „Линвуд“, во кои животот го загубија 50 лица.