Övünç Kutlu
29 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп вети дека во наредниот период ќе ги врати некои од водечките американски компании во земјата и со тоа ќе обезбеди за Американците осум илјади работни места, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп изјави дека од странство во САД ќе ја врати компанијата „Спринт“, која е четврти американски телеоператор. Освен тоа, Трамп ја спомена и „Уан веб“ (One Web), глобална компанија за телекомуникации. Според него, овие две компании би требало за Американците да обезбедат дополнителни осум илјади работни места.
Трамп рече дека споменатиот план го подготвил Масајоши Сон, извршен директор на телекомуникацискиот јапонски гигант „Софтбанк“. За време на изборната кампања, Трамп ги критикуваше американските фирми што го преместиле своето производство надвор од државата, и дека нивното враќање во САД би обезбедило стабилност.
По шести декември, кога Трамп се сретна со Сон, изјави дека „Софтбанк“ го прифатил предлогот во САД да инвестира 50 милијарди долари и на тој начин да обезбеди вработување за 50.000 луѓе.
Компанијата „Софтбанк“ има 80 отсто од акциите во „Спринт“, а на почетокот од овој месец инвестирала милијарда долари во „Уан веб“.
По оваа изјава на Трамп, акциите на „Спринт“ на њујоршката берза пораснаа за 0,5 отсто, за подоцна да паднат за еден отсто.