Ekipa
08 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
СЕУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја предупреди Северна Кореја да не ги потценува и да не ги става во искушение САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето, неколку часа откако ја откажа посетата на демилитаризираната зона поради лошото време, Трамп изјави дека има порака за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
„Оружјето што го набавувате не ве прави безбедни, туку вашиот режим го доведува со сериозна опасност“, изјави Трамп во обраќањето пред јужнокорејските парламентарци, повикувајќи ги сите нации да се обединат во изолацијата на бруталниот режим на Северна Кореја.
„Светот не може да ја толерира заканата на режимот кој се заканува со нуклеарно разорување“, додаде американскиот претседател.
Трамп се надеваше дека својата порака ќе ја нагласи со утринската посета на демилитаризираната зона, но плановите на американскиот претседател ги наруши густата магла, која го спречи слетувањето на хеликоптерот на границата што во последните 64 години го дели Корејскиот Полуостров.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, изјави дека Трамп е разочаран што не ја посетил границата.
„Мислам дека е разочаран. Тоа е нешто што очиледно сакаше да го стори“, изјави Сандерс.