Fatih Hafız Mehmet
30 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во изјава на само неколку дена пред претстојните среднорочни избори, американскиот претседател Доналд Трамп во интервју соопшти дека планира еднострано да стави крај на практиката на стекнување право на државјанство со раѓањето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп, зборувајќи на телевизискиот канал HBO, истакна дека ќе потпише извршeн налог со која ќе стави крај на правото на автоматско државјанство за бебиња од лица кои не се државјани на САД и од недокументирани имигранти родени на територијата на САД.
„Ние сме единствената земја во светот каде што едно лице доаѓа, добива бебе, а бебето е во суштина државјанин на САД... со сите бенефити“, истакна Трамп.
Всушност, во емисијата „Axios“ на HBO се истакнува дека над 30 земји нудат право на државјанство при раѓање.
„Тоа е смешно, и мора да се стави крај на тоа“, рече Трамп.
Иако Трамп истакна дека извршниот налог е во подготовка и ќе се случи, сигурно потегот ќе подлежи на правно оспорување.
Правото на државјанство од раѓање произлегува од 14. амандман од Уставот, ратификуван во 1868 година, кој имаше за цел да ги попречи обидите за одбивање на правото за државјанство за поранешните робови. Според експертите, за укинување на ова право сигурно ќе биде потребен уште еден уставен амандман.
Во неделите пред среднорочните избори во Конгресот на САД, Трамп ја интензивираше својата антиимигрантска реторика, потег што повеќето набљудувачи го гледаат како обид да ја поттикне својата база да гласа на изборите кои ќе се одржат на 6 ноември.
Други коментатори го поврзаа неговото охрабрување на насилството и ширењето страв за караванот на потенцијални имигранти од Централна Америка со масовното пукање во саботата во синагогата во Пенсилванија.
Пред убивањето на 11-те Евреи, напаѓачот на социјалните мрежи пишувал дека бегалци „натрапници“ доаѓаат во САД.