Kasım İleri
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека ослободувањето на Мосул од ДЕАШ покажува оти деновите на оваа терористичка организација во Ирак и во Сирија се избројани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп во своето писмено соопштение го опиша ослободувањето на Мосул од терористичката организација ДЕАШ како будење од долготраен кошмар.
Исто така, Трамп упати честитики до премиерот на Ирак, Хајдар ал-Ибади и до ирачката војска, за постигнатиот успех во операцијата за ослободување на Мосул.
„Тагуваме за илјадниците брутално убиени Ирачани од страна на ДЕАШ, како и за милионите Ирачани кои страдаат од ДЕАШ. Ја споделуваме болката со ирачкиот народ и со пешмергите и ја цениме жртвата на херојски загинатите борци, кои ги дадоа своите животи за нормализирање на животот во нивната земја“, изјави Трамп.
Тој рече дека САД се горди што стојат покрај ирачките безбедносни сили, и додаде дека во првите 6 месеци од неговото претседателствување, постигнат е голем напредок во борбата против ДЕАШ.
„Победата во Мосул, каде што едно време ДЕАШ прогласи таканаречен калифат, покажува дека деновите на оваа организација во Ирак и во Сирија се избројани. Ќе продолжиме да работиме сѐ додека ДЕАШ целосно не биде уништена“, додаде Трамп.