Ali Cura
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
КИЕВ (АА) - Според тврдењата на украинските власти, проруските сепаратисти на источниот дел на Украина го прекршија Божиќниот договор за прекин на огнот само 25 минути откако примирјето стапило на сила, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за односи со јавноста на Штабот за броба против тероризмот во Украина соопштии дека проруските сепаратисти на источниот дел на Украина го прекршиле претходно договорениот Божиќен прекин на огнот.
Во соопштението пишува дека истрелите од проруските страни одекнале 25 минути откако примирјето стапило на сила, односно во 00:25 часот по киевско време.
Местата до кои дојде до кршење на примирјето беа градовите Маринка, Широкино и Новотроицк. Според соопштението истрелите во овие места се слушале повремено.
Божиќниот прекин на огнот беше договорен во Минск, главниот град на Белорусија, каде се состанаа Специјалниот претставник на Украина од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и претставниците на Украина и проруските сепаратисти. Договорено беше примирјето да стапи на сила на 24 декември на полноќ.