Niğmet Koşarhan
14 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили вчеравечер уништиле магацин со муниција на терористичката организација ПКК во покраината Хакќари, на југоисточниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионите на турските воздушни сили во вечерните часови бомбардирале позиции на терористите на ПКК, а притоа биле неутрализирани најмалку двајца припадници на таа терористичка организација.
Како што соопштува Генералштабот на Турските вооружени сили (ТСК), цел на нападот биле две подвижни цели и отвор на една пештера. Погоден е магацин со муниција на терористите на ПКК, а директниот удар предизвикал низа експлозии во ненаселениот, јужен дел на покраината Хакќари.