Deniz Açık
14 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
ЕСКИШЕХИР (АА) – Дениз Ачик – Во археолошки ископувања, во близина на месноста Инону во Ескишехир, на могилата Канлиташ, пронајдени се житни култури, како што се пченица, црн граор, јачмен, пченица што расте во околина на термални води, како и билката лепка, стари 6 илјади години п.н.е., јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на групата што ископува и член на наставниот совет на факултетот за литература, на отсекот Археологија, при Универзитетот „Анадолу“, доц. д-р Али Умут Туркџан, во изјава за АА рече дека со површинските истражувања започнале во периодот 2008–2009 година.
Туркџан истакна дека во 2008 година, со одобрение од Министерството за туризам и култура, за попрецизно утврдување на околината на Канлиташ започнале да истражуваат голем дел од долината Инону.
„Со поддршка од Археолошкиот музеј во Ескишехир, ископувањата во регионот ги започнавме во 2013 година. На Канлиташ, ископувањата ги започнавме сосема од површината. Могилата Канлиташ е една од ретките во западна Анадолија, а таа се потпира на исправена карпа од 25 метри. Се работи за раскрсница помеѓу централна Анадолија и регионот Мармара. Во рамките на нашите истражувања и наодите, утврдивме дека населби во регионот може да постоеле дури и пред 300 илјади години“.
- „Канлиташ настанал кога земјоделството било широко распострането“ -
Туркџан изјави дека во долината Кузфинфик, која се наоѓа во могилата Канлиташ, забележале дека постојано постоел живот, од палеолитот па сѐ до османлиско време.
Туркџан објасни дека во текот на истражувањата сретнале повеќе примероци на житни култури.
„Припитомувањето на житните култури се случувало во период од 10 до 11 илјади години. Преминувањето кон Анадолија се случило пред 9 илјади години. Канлиташ настанал кога земјоделството било веќе широко распространето. Житните култури како што се, пченица, црн граор, јачмен, пченица што расте во околина на термални води и билката лепка, ги видовме во депоа и места за одржување (чување). Користеле и мешунки. Повторно ги извадивме на површината на земјата житните култури стари 8 илјади години. Станавме сопственици на најстарите примероци на житни култури во западна Анадолија“.