Hasan Özkal
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
КИЛИС (АА) - Турската војска изврши артилериски напади врз упориштата на терористичката организација на ДАЕШ во пограничниот сириски град Aзаз, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата ноќ и утрово од Сирија во областа на турскиот пограничен град Килис паднаа неколку гранати, а како одговор на тоа турските артилериски сили на границата извршија жестоки напади врз терористичките позиции на ДАЕШ во прекуграничниот Aзаз.
Според податоците на безбедносните извори, погодени се позиции во близина на селото Соран, Eхтемлат и Aктерин.