Sinan Polat
12 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на состанокот на министри за надворешни работи на земјите на Организацијата за исламска соработка (OIC) пред самитот на лидери на OIC изјави дека граѓанските војни и вооружените судири им се закануваат на мирот и благостојбата во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
“Терористичките и радикални струи ја зeмаат за мета нашата стабилност. На крајот на краиштата, најголема штета трпат муслиманите. Тоа не можеме да го прифатиме. Не можеме само мирно да набљудуваме”, изјави Чавушоглу и додаде дека целиот свет има потреба од мир и правда, а на исламскиот свет најмногу му треба единство и солидарност.
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Чавушоглу, нагласи дека по завршувањето на самитот ќе биде објавено соопштение кое ќе го одразува заедничкиот став кон глобалните прашања и проблеми кои влијаат на мирот, безбедноста и благосостојбата.
Чавушоглу истакна дека еден од најголемите успеси на самитот ќе биде документот (OIC-2025: Акциониот план) со кој ќе се одреди мапата на патот за наредните десет години и дека тие цели ќе бидат остварени со помош на соработка и взаемна помош.
“Тероризмот не може да има вера, нација или мезхеб”, рече Чавушоглу и додаде дека задача на сите муслимани е да се спротивстават на тероризмот.
Во врска со ситуацијата во Сирија, Чавушоглу рече дека на Сирија ѝ се случи една од најголемите трагедии во светот.
“Жалиме за 500.000 лица кои загинаа, 12 милиони луѓе кои се протерани од нивнити домови и 5 милиони наши браќа кои беа принудени да ја напуштат својата земја”, потсети Чавушоглу.
Истакнувајќи дека палестинското прашање е едно од темелните причини за кризата во регионот, Чавушоглу рече дека страдањето, злото и проблемите во кои живее палестинскиот народ се “срам за целото човештво”.
Тој додаде дека судирите на азербејџанско - ерменскиот фронт ќе траат сè додека трае и ерменската окупација на Нагорно - Карабах.
Истанбул е град домаќин на овогодинешниот Самит на лидери кој ќе биде одржан 14-ти и 15-ти април. На овогодинешниот самит ќе стане збор за ризиците и опасностите со кои се соочува исламскиот свет како и за решенијата на тие проблеми.