Ferdi Türkten
23 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, допатува во еднодневна работна посета на Русија, јавува Anadou Agency (AA).
Ердоган на московскиот аеродром „Внуково“ го дочекаа заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, челникот на Одделот на државниот протокол, Игор Богдашев, амбасадорот на Република Турција во Москва, Мехмет Самсар, и други официјални лица.
Турската делегација ја сочинуваат турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, шефот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, и директорот за комуникации на Претседателството, Фахретин Алтун.
Ердоган во текот на еднодневната работна посета ќе се сретне со својот руски колега, Владимир Путин.
Планиран е и состанок на делегациите, а се очекуваат разговори за билатералната соработка, за регионалните и глобални прашања, меѓу кои и за ситуацијата во Сирија.