АНКАРА (АА) - „Јасен е фактот дека доминантните сили на меѓународниот систем, како САД, и терористичката организација ФЕТО се во соработка“, се вели во извештајот насловен „ФЕТО како една меѓународна закана“, кој е подготвен од страна на Управата на турската Полициска академија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извештајот вклучува детални анализи во врска со односите на оваа терористичка организација со странските разузнавачки служби, како и за нејзините активности во различни места низ светот. Извештајот поседува опсежни информации околу историјата, основните карактеристики и целите на оваа организација, нејзината медиумска и образовна структура, како и нејзината структура, пред сѐ во САД, Европа, Балканот, Блискиот Исток, Африка, Русија, Средна Азија и на Кавказ.
- САД се во соработка со оваа организација
Во извештајот се нагласува дека поради тоа што САД е местото на живеење на Фетула Ѓулен, САД се земја која е во центарот на активностите на оваа организација во светот. Оваа организација има широка структура на училишта во САД, трговска мрежа, како и економски обем кој достигнува милиони долари.
Според овој извештај, оваа организација во САД има над 140 училишта, во кои се наоѓаат околу 60.000 ученици, а со своите економски активности има годишни приходи од над 500 милиони долари во САД. „Јасен е фактот дека доминантните сили на меѓународниот систем, како САД, и терористичката организација ФЕТО се во соработка“, се додава во горенаведениот извештај.
Во извештајот се наведува дека и покрај Договорот за враќање на криминалците и заемна помош во работите против кривични дела, Америка не го екстрадира Фетула Ѓулен во Турција. Според извештајот, продолжуваат и се зајакнуваат активностите на ФЕТО за лобирање на политичката сцена во САД, и често се покриени сите трошоци на претставниците и сенаторите кои се носат на културни екскурзии.
- Германија е засолниште за припадниците на ФЕТО кои побегнале од Турција
Извештајот, исто така, вклучува информации и за активностите на оваа организација во земјите членки на Европската Унија (ЕУ). Според тоа, ФЕТО во своето структурирање во земјите членки на ЕУ следи една стратегија која ја применува и во другите земји на глобално ниво, каде што најпрвин врши активности во насока на образованието, а потоа во медиумите и бизнис-секторот. Се вели дека овие активности ги поддржува преку своите пријатели кои имаат влијание во бирократијата и политиката, и со тоа го јакнее своето структурирање во овие земји.
Во извештајот се наведува дека земјите како Германија, Австрија и Холандија нудат секаква поддршка за оваа организација.
„ФЕТО, која е една организација без татковина, има менталитет да воспостави соработка со секого, и плановите против Турција ги реализира заедно со странските разузнавања. ФЕТО преку здруженијата врши образовни активности во Германија, и добива голема финансиска поддршка од државата. Германија дојде во позиција на засолниште за припадниците на ФЕТО кои побегнале од Турција. Постојат исповеди дека Германија станала новиот центар за членовите на оваа организација. Во рамки на своите активности во бизнис-секторот во Австрија, оваа организација раководи со Здружението на бизнисмени во Виена, во кое се вклучени богати бизнисмени. Што се однесува до медиумскиот сектор, весникот „Zaman Vandaag“ продолжува да врши објави под името „Kanttekening“. Преку овој весник, ФЕТО врши пропаганди против Турција. Од друга страна, по обидот за државен удар на 15 јули, структурирањето на ФЕТО во Холандија доби значајни удари. Веднаш по обидот за државен удар, 600 ученици ги напуштија училиштата на ФЕТО во Холандија, а оваа бројка до денес двојно се зголеми. Со цел да се спасат овие училишта, ФЕТО ги промени имињата на училиштата. Една од земјите на Балканот во која ФЕТО е најмоќна е Албанија. ФЕТО воспостави контакти со високите бирократи на оваа земја преку давање големи стипендии за децата на овие бирократи“, се истакнува во извештајот.
- Некои африкански земји го сметаат ФЕТО како закана за внатрешната безбедност
Во извештајот се вклучени и активностите на оваа организација во африканските земји. Зголемено е влијанието во африканските земји на оваа организација, која стратегијата на отворање на Турција кон Африка ја претвори во можност за себе. Се истакнува дека како резултат на интензивните дипломатски и цивилни иницијативи на Турција, некои африкански земји започнаа да го сметаат ФЕТО за закана за нивната внатрешна безбедност, и ги ограничија активностите на оваа организација во тие земји.
- Оваа организација во Русија, Средниот Исток, Средна Азија и Кавказ работеше за интересите на САД
Во извештајот се наведува дека САД кои сакаат да ги земат под своја контрола широките зони во кои е настанат вакуум на моќ по распадот на Сојузот на Советските Социјалистички Републики, ФЕТО го користеа како апарат за применување на своите воени, политички и социо-економски политики во овој регион. Според овој извештај, Руската разузнавачка служба во 2002 година открила дека училиштата на ФЕТО вршеле разузнавачки активности во име на американската разузнавачка служба ЦИА, против националните интереси на Русија.
„Во овие рамки“, се вели во извештајот, „втората земја во Средна Азија, која го открила структурирањето на оваа организација, е Узбекистан. По обидот за државен удар на 15 јули, со иницијатива на Турција, Киргистан се однесуваше како да ја презел контролата врз училиштата на ФЕТО, но фактички само се менуваа имињата на овие училишта“. Во овој извештај се вклучени информации и за училиштата на ФЕТО во Казахстан и Туркменистан.
„Како резултат на работите на турските власти против структурирањето на ФЕТО во Авганистан“, се нагласува во извештајот, „12 училишта на ФЕТО се предадени на турската Фондација Маариф.“ Се нагласува дека по Турција, Азербејџан е многу важна за структурирањето на ФЕТО, и дека ДЕРО има политичка поддршка од ерменската дијаспора и дека блиску работи со ерменската дијаспора во врска со таканаречениот „ерменски геноцид“.
Што се однесува до Средниот Исток, во овој извештај се истакнува дека оваа терористичка група има за цел да го прошири американското влијание во Средниот Исток како алтернатива за француското и британското влијание во овој регион, станувајќи активна во арапскиот и исламскиот свет.
Според овој извештај, тензичните односи меѓу Египет и Турција по отстранувањето на египетскиот претседател, Мухамед Морси, преку воен државен удар од страна на началникот на Генералштабот на египетската Војска и министер за одбрана, Абдулфетах ел Сиси, ФЕТО ги смета за отворено поле за себе. Се вели дека во оваа насока, во рамките на долгогодишните активности на оваа организација во оваа земја, воспоставила цврсти односи со египетските разузнавачки служби.
- Преку кооперанти како ФЕТО постои обид да се стави под хипотека волјата на народот
Во последниот дел на извештајот се нагласува оваа терористичка организација начините и стратегиите кои ги спроведувала со декади за да се инфилтрира во државата во Турција, ги спроведува и во другите земји каде што врши активности.
„Откривањето на меѓународното структурирање на ФЕТО, не е значајно само за националната безбедност на Турција, туку и за меѓународниот мир и меѓународната стабилност. Странските разузнавачки служби, преку кооперантите како ФЕТО, се обидуваат да ја стават под хипотека волјата на народот“, се додава во овој извештај.
news_share_descriptionsubscription_contact
