Cem Genco,Erdal Türkoğlu
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
ХАТАЈ (AA) – Војните активности на турската војска се зголемени во местото Рејханли, недалеку од Хатај, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави влез на турската војска во неконфликтниот регион во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројни возила, единици, оклопни воени возила, работни машини и амбулантни возила од повеќе турски градови распоредени се денеска на границата со Сирија. Откако воените едници се распоредени, високи воени функционери ги посетија воените стражи. На граничниот премин е присутен и голем број медиуми.
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека започна новата акција кон сирискиот град Идлиб.
Рече дека акцијата моментално ја води опозициската Ослободителна војска на Сирија (ФСА), како и дека турските војници сеуште не се на тоа подрачје.
Турските вооружени сили (TSK) ги привршуваат подготовките за влез во сирискиот град Идлиб, во кој ќе влезат во рамките на трилатералниот договор помеѓу Турција, Русија и Иран, а претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека акцијата моментално ја води опозициската Ослободителна војска на Сирија (FSA), како и дека турските војници сеуште не се на тоа подрачје.
Турција ја зајакнува активната поддршка за воспоставување на безбедноста во сирискиот град Идлиб, регионот кој до неодамна беше упориште на најжестоките судири помеѓу силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и опозициските сили, како и антирежимските групи во оваа земја.
За да во него се намали наптнатоста, градот Идлиб кој се наоѓа на северозападот на Сирија, на граница со Турција, според договорот на Турција, Русија и Иран, постигнат во главниот град на Казахстан, Астана, е дел од рамката на неконфликтните региони во Сирија.