Nazlı Yüzbaşıoğlu
08 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турција го осуди оружениот напад кој вчера се случи врз безбедносниот контролен пункт во палатата Селам во градот Џеда, Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го осудуваме терористичкиот акт кој се случи во градот Џеда, во Саудиска Арабија. Посакуваме милост од Бога за починатите во овој одвратен напад, и брзо оздравување на повредените. Исто така, изразуваме сочувство до братската влада на Саудиска Арабија, и до нејзиниот народ“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
На вестите на социјалните мрежи и интернет страниците во Саудиска Арабија бее наведено дека е извршен напад во палатата Селам.
Исто така, во соопштението на официјалниот портпарол на Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија, генерал мајор Менсур ет-Турки, објавен од официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија СПА (SPA), беше наведено дека во утринските часови бил извршен напад врз еден контролен пунт во палатата Селам во градот Џиде, во кој смртно настрадаа двајца безбедносни службеници, додека трojцa безбедносни службеници се повредени.
Според соопштеното, нападот го извршил 28-годишен државјанин на Саудиска Арабија. Тој бил убиен на местото на настанот, откако безбедносните сили одговориле на отворениот оган.