Adham Kako
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
AНКАРА (AA) - Вооружените сили на Турција (ТСК) поделија летоци во Африн напишани на 3 јазици. Во летоците се содржани пораки за единство против терористичките организации во регионот и се нагласува дека Африн припаѓа на неговите жители, Anadolu Agency (AA).
Во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, Турските вооружени сили (ТСК), со поддршка на Слободната сириска армија (ОСО), поделија летоци од воздух напишани на турски, арапски и курдски јазик.
Во летоците,ТСК упати повик до жителите на Африн за единство против терористичките организации ПКК/ПЈД и ДАЕШ, и им се обраќа на жителите со „браќа афринци“, повикувајќи ги на заедничка работа, за да се воспостави мир, доверба и просперитет во регионот.
Во летоците се содржани следните реченици:
„Време е да се запре угнетувањето и прогонот на терористите од ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДАЕШ, коишто пукаат со оружје на своите соседи и уриваат џамии. Не дозволувајте терористите да ги користат децата и да ја уништат вашата иднина. Време е да се каже „не“ на терористите. Сите да бидеме заедно против терористите. Стојте далеку од терористите. Африн е на афринците. Со господова дозвола. Да има денови исполнети со мир, здравје, доверба и изобилство во Африн.“