Nour Mahd Ali Abu Aisha,Mahmut Geldi
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ГАЗА (AA) - „Марш за поддршка на Ерусалим“ против одлуката на САД, со која го признаа Ерусалим (Кудс) за „главен град на Израел“, се одржа во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Хадар Хабиб, еден од водачите на Движењето Исламски џихад, за време на маршот за АА изјави: „Ние сме тука да ја искажеме нашата реакција поради одлуката на САД за Ерусалим, и да потврдиме дека Ерусалим ќе остане главен град на Палестина“.
„Нашиот народ е еден, непријателот и судбината се едно, па ние мора да бидеме едно срце против заканите за палестинската кауза“, рече тој.
На 6 декември 2017 година, американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека го признава Ерусалим за „главен град на Израел“ и му наложи на Министерството за надворешни работи да ја премести Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
И покрај заканите од САД, Турција на 21 декември 2017 година, во врска со статусот на Ерусалим, предложи нацрт-резолуција до Генералното собрание на ОН под наслов „Окупирани активности на Ерусалим и Палестинската територија на Израел“ , којашто беше прифатена со 128 гласа, 9 гласаа против, а 35 земји беа воздржани.