Nuray Tunçay
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ИЗМИР (АА) - Во акција на турската полиција против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, од слобода се лишени 29 лица, меѓу кои и внукот на Фетула Ѓулен, водачот на таа организација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА од полициски извори, во рамките на полициската акција истовремено се извршени претреси на 73 локации, а со цел пронаоѓање на лицата задолжени за финансиската страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.
Во полициската акција од слобода е лишен внукот на Фетула Ѓулен, Мехмет Мезхер Ѓулен, инаку задолжен за „образовни установи при таа организација во Турција”.
Претреси се извршени на поширокото подрачје на Измир, помеѓу останатото, и во еден студентски дом во населбата Бергама како и во просториите на едно здружение на стопанственици.
Акцијата на полицијата е во тек, така што бројот на приведените би можел да биде и поголем.
Фетула Ѓулен е водачот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ од која во повеќе државни институции беа врзани „паралелни структури” кои со злоупотреба на позицијата се обидоа да предизвикуваат дестабилизација на земјата и да извршат државен удар.
Во врска со организацијата во Турција се водат низа судски процеси во кои се подигнати обвиненија за прислушкување, злоупотреба на положбата и овластувањата, обид за државен удар и други кривични активности.
Полициските акции против Ѓуленовата организација во Турција започнаа во 2014 година и досега се приведени вкупно 3.146 осомничени лица. Налог за апсење издаден е за 629 од нив.
Турските власти побараа на 2-ри февруари од Соединетите Американски Држави (САД) укинување на „зелениот картон” на Фетула Ѓулен. Нему на 28-ми јануари 2015 година врз основа на „давање лажен исказ” поништен му е турскиот пасош.