Sibel Uğurlu
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес соопшти дека Турските вооружени сили во изминатите 45 дена во Турција и надвор од неа неутрализирале над 366 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на церемонијата по повод Денот на ветераните во Народниот културен и конвенциски центар „Баштепе“, Хулуси Акар истакна дека светот и регионот минуваат низ критичен период и потсети дека Турција се соочува со разни закани и опасности.
Осврнувајќи се на антитерористичките операции во Турција и странство, Акар нагласи: „Турција постигна голем успех во овие операции. Најважниот придонес во овој успех им припаѓа на нашите загинати херои и на ветераните“.
„Во текот на изминатите 45 дена, во операциите во Турција и странство, неутрализирани се вкупно 366 терористи, меѓу кои и високи оперативци“, истакна Акар.
Турскиот министер за одбрана нагласи и дека домашното производство на модерно оружје и воени средства се зголемило од 20 на 65 проценти.
Акар рече дека ефикасната употреба на националната одбранбена индустрија, а особено неутрализирањето на високите припадници на терористичките организации, довело до намалување во регрутирањето терористи.