Ayşenur Sağlam
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
АНКАРА (АА) - Во вториот квартал од 2017 година Турција оствари приход од туризмот во висина од речиси 5,5 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вториот квартал од 2017 година Турција оствари приход од туризмот во висина од 5.413.048.000 долари, што во однос на претходната година претставува раст од 8,7 отсто.
Земјата во јуни оваа година го зголеми извозот за 2,3 отсто во однос на истиот период 2016 година додека во истиот период увозот е намален за 1,5 отсто. Надворешно-трговскиот дефицит на Турција е намален за 9,1 отсто.