Ekipa
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Врховната изборна комисија на Република Турција (YSK) го заврши броењето на гласачките ливчиња и ги објави прелиминарните резултати од претседателските и парламентарни избори кои беа одржани во неделата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Врховната изборна комисија е соопштено дека од вкупно регистрираните 59.367.469 гласачи, на парламентарните избори гласале 51.189.698. Комисијата утврди дека имало 1.053.362 неважечки ливчиња.
Според прелиминарните резултати, турската владејачка Партија за правда и развој (АK Parti), освоила 20.980.956 гласови, односно 41,85 отсто.
Опозициската Републиканска народна партија (CHP) освои 11.271.240 гласови, односно 22,48 отсто. Народната демократска партија (HDP) доби 5.867.564 гласови, односно 11,7 отсто. Партијата на национално движење (MHP) доби 5.466.775, односно 10,9 отсто. Партија ИЈИ (IYI) доби 4.955.994 гласови, односно 9,89 отсто.
Партијата Саадет доби 668.744 гласови, односно 1,33 отсто. Партијата ХУДА доби 157.315 гласови, односно 0,31 отсто. Партијата Ватан освои 117.631 глас, односно 0,23 отсто. Независните кандидати освоиле 75.634 гласови, односно 0,15 отсто.
Народната алијанса, која ја основаа АК Партија и МХП, доби 455.529 гласови, односно 0,91 отсто од гласовите кои гласачите ги дале на двете партии.
Националната алијанса во чиј состав се ЏХП, Партијата ИЈИ (IYI) и партијата Саадет освоија 118.954 заеднички гласови, односно 0,24 отсто.
Според прелиминарните резултати на Врховната изборна комисија, на претседателските избори во Турција во неделата од вкупно регистрираните 59.367.469 гласачи гласаа 51.197.832. Од гласачките ливчиња 50.068.418 се важечки.
Реџеп Таип Ердоган е победник на изборите со освоени 26.329.920 гласови, односно 52,59 отсто.
Претседателскиот кандидат на ЏХП, Мухарем Инџе, освои 15.340.295 гласови, односно 30,64 отсто. Кандидатката на Партијата ИЈИ, Мерал Акшенер, доби 3.649.432 гласови, односно 7,29 отсто. Кандидатот на ХДП, Селахатин Демирташ, доби 4.206.130 гласови, односно 8,4 отсто. Кандидатот на партијата Саадет, Темел Карамолаоглу, доби 443.690 гласови, односно 0,89 отсто, додека кандидатот на партијата Ватан, Догу Перинчек, доби 98.951 гласови, односно 0,2 отсто.
Прелиминарните резултати ги вклучуваат сите пребројани гласови од гласачките места од Турција и странство.
Од Врховната изборна комисија претходно е соопштено дека официјалните резултати од изборите ќе бидат објавени на 5 јули.