Cansu Dikme
25 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Конечните резултати од вчерашните избори во Турција ќе бидат споделени со политичките партии за неколку часа, изјави денес претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние со политичките партии досега споделивме 98 отсто од изборните резултати. За неколку часа ќе споделиме 100 отсто [од изборните резултати]“, изјави Сади Ѓувен, претседателот на Врховната изборна комисија на Турција.
Ѓувен, исто така, нагласи дека 99,91 отсто од резултатите од претседателските избори се регистрирани во системот на комисијата.
Пофалувајќи го одвивањето на претседателските и парламентарните избори, Ѓувен истакна дека по финализирањето на изборните резултати тие ќе бидат на увид и на граѓаните.
Претходно, Ѓувен соопшти дека со 99,2 отсто отворени гласачки кутии, претседателот Реџеп Таип Ердоган освоил апсолутно мнозинство на претседателските избори со 52,5 отсто од гласовите, додека неговиот ривал Мухарем Инџе освоил 30,6 отсто од гласовите.
На парламентарните избори, заедно Партијата на национално движење (MHP) и Партијата на правдата и развојот (АК Parti), здружени во „Народната алијанса“ освоија 53,6 отсто од гласовите, од 99,1 отсто отворени гласачки кутии.
Претходно Ѓувен истакна дека преостанатите гласови нема да влијаат врз исходот на изборните резултати.