Cankut Taşdan
11 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека минатата недела, во акциите изведени во земјата се неутрализирани 57 терористи, од кои 39 се убиени, 15 се предадоа, а тројца се заробени, јавува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението се вели дека од 4. до 11. септември, во рамките на борбата против терористичките организации се изведени 1.285 акции.
Поради обвиненија за помагање на припадниците на терористичките организации, приведени се 117 лица, поради обвиненија за поврзаност со ДЕАШ 27 лица, во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО 451, и во борбата против левичарските терористички организации, шест лица.
Во акции во подрачјето на Муш, Бинѓол, Тунџели, Хакќари и Ширнак беа уништени 11 скривалишта и пештери што ги користеле припадниците на терористичката организација (ПКК), како и девет експлозивни уреди од домашно производство.
Припадниците на безбедносните сили запленија 12,5 килограми материја што се користи за изработка на експлозивни направи, 35 рачни бомби, 4.527 парчиња муниција и 42 парчиња оружје.
Во акциите против нарко-мафијата се запленети 1,78 тони марихуана, 148 килограми хероин, 410 грама кокаин и поголем број други опојни средства. Приведени се 1.883 лица.
Во рамките на борбата против илегалните миграции фатени се 2.011 мигранти, од кои 1.081 во морските води, приведени се 138 лица за кои постои сомневање дека се занимавале со организирање на нелегално преминување на границата.