?kipa
11 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Економијата на Република Турција во вториот квартал од оваа година оствари раст од 5,1 отсто, што е повеќе од двојно поголем раст од оној што заедно го остварија 28 членки на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Евростат и на Турскиот завод за статистика (TUIK), турската економија во првиот квартал од оваа година оствари раст од 5,2 отсто, а тој тренд на раст го продолжи и во вториот квартал, со остварени 5,1 отсто раст на бруто националниот производ во однос на истиот период минатата година.
Според тоа, Турција значително е поуспешна од поголемиот дел од европските земји и од ЕУ како целина.
ЕУ во првиот квартал од оваа година оствари економски раст од 2,1 а во вториот квартал 2,4 отсто.
Романија со економски раст од 5,7 отсто е најуспешна членка на ЕУ во вториот квартал на годината, а следуваат Естонија и Словенија со економски раст од 5,2 отсто.
Турција е четврта земја во Европа според остварениот економски раст во вториот квартал, во кој Холандија оствари економски раст од 3,8 отсто. Германија 2,1 отсто, а Франција и Велика Британија по 1,7 отсто.
Табеларниот приказ на економскиот раст на земјите во вториот квартал од годината изгледа вака:
| Држава | Процент на раст во вториот квартал од 2017 |
| Романија | 5,7 |
| Естонија | 5,2 |
| Словенија | 5,2 |
| Турција | 5,1 |
| Летонија | 4,8 |
| Чешка | 4,7 |
| Полска | 4,4 |
| Литванија | 4 |
| Шведска | 3,9 |
| Холандија | 3,8 |
| Бугарија | 3,6 |
| J.Кипар | 3,5 |
| Унгарија | 3,5 |
| Хрватска | 3,4 |
| Шпанија | 3,1 |
| Словачка | 3,1 |
| Финска | 3 |
| Австрија | 2,9 |
| Португалија | 2,9 |
| Данска | 2,7 |
| Германија | 2,1 |
| Франција | 1,7 |
| Велика Британија | 1,7 |
| Белгија | 1,5 |
| Италија | 1,5 |
| Грција | 0,8 |
| Ирска | - |
| Луксембург | - |
| Малта | - |
| ЕЗ 19 (еврозона) | 2,3 |
| ЕУ 28 | 2,4 |