Cüneyt Çelik
04 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
КАРС (АА) - Осум терористи се неутрализирани во операцијата против терористичката организација ПКК во облата Чемче, во турскиот град Карс, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на областа Карс, Рахми Доган, за АА истакна дека операцијата врз терористичката организација во областа Чемче е изведена од страна на припадници на градската жандармериска команда.
Доган нагласи дека во операцијата е пружена и воздушна поддршка. „Синоќа, во изедената операција потпомогната од воздух, убиени се осум терористи од групата на оваа органзација во Чемче, додека се следи еден терорист кој избегал“, пренесе Доган.
Според соопштеното, операцијата во областа сѐ уште е во тек.
„Од 2016 до денес во Карс се неутрализирани 35 припадници на сепаратистичката терористичка оргнаизација (ПКК)“, се наведува во писменото соопштение од канцеларијата на гувернерот.