Ayşe Hümeyra Atılgan
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Операцијата за ослободување на сирискиот град Рака, поддржана од САД, започна во петокот вечерта, соопшти турскиот премиер, Бинали Јилдирим, јавува Аnadolu Agency (AA).
Во своето обраќање пред претставниците на медиумите во Анкара доцна синоќа, Јилдирим истакна дека САД ја информирале Турција во врска со операцијата пред нејзиниот почеток.
Јилдирим го повтори несогласувањето на Турција во врска со начинот на спроведување на операцијата од страна на САД, и рече дека САД ја уверуваат Турција дека оружјето коешто се користи од ПКК/ПЈД во Сирија нема да биде закана за Турција.
„Тие (САД) ни кажаа дека тоа не е опција, туку обврска (да соработуваат со ПЈД/ЈПГ во операцијата за Рака) и дека тактичката соработка со нив нема да се одржи долго по операцијата (за Рака)“.
Различните ставови меѓу Вашингтон и Анкара во врска со Сирија во најголем дел потекнуваат од начинот на кои се гледа на вооружените групи во регионот.
ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на ПКК, организација која се смета за терористичка и од страна на Турција и од САД.
Меѓутоа, САД не ги смета ПКК/ПЈД слично на тоа, наместо тоа, САД се потпираат на групата во борбата против ДЕАШ во северна Сирија. Сириските демократски сили поддржани од страна на ЈПГ, се главен партнер на Вашингтон во борбата против ДЕАШ.