Tuba Şahin
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
АНКАРА (АА) - Од Министерството за културa и туризам се соопштува дека во јануари бројката на странски посетители во Турција се искачила 5,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните бројки покажуваат дека повеќе од 1,5 милион странски посетители влегле во земјата во текот на јануари.
Во првиот месец од годината, Истанбул, најголемиот град во Турција според бројноста на населението и главната туристичка атракција, привлече речиси 60 отсто од сите посетители, речиси 919.000.
Северозападната област Едрене, која граничи со Бугарија и Грција, во јануари го имаше вториот најголем број странски посетители, чија бројка изнесуваше над 190.000.
Потоа следуваше турската црноморска област Артвин, која се граничи со Грузија, со речиси 119.000 странски посетители.
Бугарите сочинуваа речиси 9 отсто од странските посетители, потоа следуваат Грузијците со 7,3 отсто, а германските граѓани со 6,6 отсто.
Официјалните податоци, исто така, покажаа дека воздушниот пат е најпопуларниот начин за странските посетители да стигнат до Турција, преку кој пристигнале 1,1 милион патници, додека преку 408.000 ги користеле патиштата.
Минатата година во земјата влегле околу 39,5 милиони странци, што е зголемување од 32,4-те милиони во 2017 година.