Fatma Bülbül
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата денес во Анкара и во Истанбул приведе 9 вработени во турскиот дневен весник „Џумхуријет“, вклучувајќи го и главниот и одговорен уредник, Мурат Сабунџу, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу прведените се и пишувачите на статии поврзани со весникот Ајдин Енгин, Ѓурај Оз, Хикмет Четинкаја и Мустафа Кемал Ѓунѓор, како и адвокатoт Булент Утку.
Според судски извори, канцеларијата на главниот јавен обвинител на Истанбул издаде налози за приведување на 13 новинари и извршни лица на „Џумхуријет“, вклучувајќи го и претседателот на Извршниот одбор на весникот, Акин Аталај.
Изворот, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека осомничените се товарат за членување во терористичката организација ФЕТО и ПКК, како и за вршење кривични дела во име на овие организации“.
Домовите на Аталај и Оз, исто така, биле претресени.
Налог за приведување е издаден и за Џан Дундар, поранешен главен и одговорен уредник на весникот, кој во моментов е во странство.
Во обидот за државен удар на 15 јули загинаа 241 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Владата го обвини лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, дека стои зад обидот за државен удар и зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството, формирајќи т.н. „паралелна држава“.