Munira Abdelmenan Awel
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Обилните врнежи од снег и студеното време низ цела Турција денес доведоа до затворање на училиштата, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите во 24 турски области, главно во централна Турција, но и во северна Анадолија, соопштија дека училиштата во текот на денешниот ден ќе бидат затворени.
Училиштата се затворени и во главниот град Анкара поради обилните снежни врнежи преку ноќта.
Исто така, голем број универзитети ја откажаа наставата за денес.
Обилните снежни врнежи го зафатија и најголемиот турски град, Истанбул. Снежните врнежи започнаа во азиската страна на градот вчера во раните утрински часови, и до денес го покрија целиот град.
Други градови зафатени од обилните снежни врнежи се Сивас, Билеџик, Кутахија, Болу, Чанкири, Ушак, Ескишехир, Самсун, Денизли, Афјонкарахисар, Киршехир, Коња, Чорум, Кастамону, Кириккале, Амасија, Јозгат, Аксарај, Невшехир, Токат, Орду и Караман.