Ekip
13 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
АНКАРА (AA) – Договор за прекин на судирите на истокот на Алепо помеѓу силите на сириската опозиција и силите на сирискиот режим кој го поддржува Русија постигнат е со преговори со посредство на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани функционери на турските разузнавачки органи за АА потврдија дека со посредување на Турција е постигнат договор за евакуација на десетици илјади цивили од источните делови на Алепо кои се под опсада на режимските сили, како и евакуацијата на припадниците на вооружените опозициски групи од тоа подрачје.
Истиот извор јавува дека бројни автобуси веќе стасале на истокот на Алепо за да ги транспортираат цивилите во западниот дел на тој град, што е приоритетен дел на постигнатиот договор. Договорот предвидува и припадниците на вооружените опозициски групи да го напустат истокот на Алепо и со себе да однесат само лесно оружје. Претходно, извори блиски до сириската опозиција за АА рекоа дека повеќето сириски опозициски групи сакаат да ги напуштат источните делови на градот.