Adem Demir
13 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Републичкото Обвинителство во Истанбул, испрати допис до Министерството за правда на Турција во кој се бара апсење на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, со цел дописот потоа да биде проследен до американските власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетуваме дека воени лица лојални на терористичката ФЕТО, на 15 јули се обиде да изврши државен удар во Турција.
Во дописот подготвен од страна на обвинителот Џан Тунџај од Одделот за тероризам и организиран криминал при републичкото Обвинителство во Истанбул, се нагласува дека трае истрагата во врска со државниот удар на група војници припадници на терористичката организација ФЕТО.
Во тој допис се наведува дека е утврдено оти обидот за државен удар е изведен по наредба на Ѓулен.
Меѓу делата за кои се товари Ѓулен се поттикнување за соборување на Владата на Република Турција или спречување во извршувањето на нејзините задачи, атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соборување на Големото народно собрание на Турција, обид за отстранување на уставниот поредок, како и закани.
Во дописот се бара притвор на лидерот на терористичката организација, според 10. член од Договорот за заемна помош за враќање виновници постигнат меѓу САД и Турција и пред испраќање на барањето за екстрадиција на Ѓулен, кој во моментов се наоѓа во САД.